Петта јавна дискусија за „Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ во Кавадарци

Петтата јавна дискусија за претставување на нацрт текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ ќе се одржи утре, на 3.6.2019 година (понеделник) во сала на Совет на Општина Кавадарци, со почеток во 11:00 часот. 

На јавната дискусија, ќе учествуваат државниот секретар во Министерство за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, првиот извршен директор на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски, како и медиумскиот работник, Љупчо Бубо Каров.

Календар Влада: 
Monday, June 3, 2019 - 11:00 to 14:00