138-ма седница на Владата на Република Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната, 138-ма седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.
 
На денешната седница на Владата ќе биде разгледана Информацијата за воспоставување нов електронски систем за процесот на стратешко планирање и за подготовка и следење на реализацијата на проекти, програми и исполнување на заклучоци од Владата и Информацијата за поврзаност на мултиплатформскиот систем за е-влада со системот за следење на трошоци, со план за имплементација и пуштање во продукција на системот за евидентирање и одобрување на трошоци, што ќе ги презентира Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.
 
На предлог на Министерството за труд и социјална политика на оваа своја седница владата ќе биде информирана за ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.
 
Владата денеска ќе се произнесе и по конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2017 година на ЈРП Македонска радиотелевизија.
 
На оваа своја 138-ма седница, Владата ќе го разгледа и ќе донесе мислење за Извештајот за реализација на Планот за имплементација на гаранција за млади.
 
Редовната, 138-ма седница на Владата на РСМ е предвидено да започне во 16:00 часот.

Календар Влада: 
Понеделник, Јуни 3, 2019 - 00:00 to 23:45