Промоција на конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на брајово писмо и во аудио формат

Во среда (05.06.2019) со почеток во 12:00 часот, во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи настан „Промоција на конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на брајово писмо и во аудио формат“, на кој ќе се обратат министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претседавачот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски.

Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на Брајово писмо и аудио формат ќе ја презентираат Владо Крстовски - претставник на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, Билјана Петковска - директорка на Македонскиот институт за медиуми и Тони Пајдаков - претставник на Здружението на слепите лица на Општина Велес.

Пред почеток на настанот во 11:45 часот, пред свечената сала се предвидува заедничка изјава за медиумите, додека влезот за медиумите е преку Медија центарот во Владата на Република Северна Македонија.

Календар Влада: 
E mërkurë, Qershor 5, 2019 - 11:45 to E enjte, Qershor 6, 2019 - 12:45