Работна посета на ЗПВРСМ задолжен за европски прашања, Бујар Османи и МНР Никола Димитров на Париз

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во четврток (06.06.2019), ќе престојуваат во работна посета на Француската Република. Покрај средбата со државниот секретар за европски прашања, г-ѓа Амели де Моншален во француското министерство за надворешни работи, предвидена е и средба со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

Посетата ќе се реализира по неодамнешната објава на Извештајот на Европската Комисија и препораката за отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, а во пресрет на претстојниот состанок на Советот на ЕУ. За време на посетата, ќе се разменат мислења и за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, како и за процесот на интеграција на нашата земја во НАТО.
 

Календар Влада: 
E enjte, Qershor 6, 2019 - 00:00 to 23:45