Обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на промоција на „Европска младинска картичка“

Во четврток (06.06.2019) со почеток во 12:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе учествува и ќе се обрати на промоцијата на „Европска младинска картичка“, којашто ќе се одржи во „Јавна соба“ во Скопје.

На настанот свои обраќања ќе имаат и Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт и Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Календар Влада: 
Четврток, Јуни 6, 2019 - 12:30 to 14:00