Шеста јавна дискусија за Нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ во Куманово

Во петок (07.06.2019), со почеток во 11:00 часот, во салата на Советот на Општина Куманово ќе се одржи Шестата јавна дискусија за Нацрт-текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“.

На јавната дискусија и претставувањето на Нацрт-текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ ќе учествуваат министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов, Андријана Томовска, заменик-координаторката на кластерот образование во Координативното тело за подготовка на Стратегијата и Мерсиха Смаиловиќ, претставничка на граѓанскиот сектор.

Календар Влада: 
Friday, June 7, 2019 - 11:00 to Saturday, June 8, 2019 - 11:45