Работна посета на премиерот Заев на Берлин на покана на Стопанската комора на СР Германија за источна Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на покана на Стопанската комора на СР Германија за источна Европа, на 12 и 13 јуни, ќе учествува како почесен гостин на годишното собрание на комората во Берлин.

Во работниот дел од посетата премиерот Заев е поканет да биде говорник на темата „Реформи во економијата и општеството - Северна Македонија на патот кон ЕУ“, како вовед во дебатата „20 години од Пактот за стабилност за Југоисточна Европа - Перспективи за рагионална соработка“.

За време на работната посета во Берлин, премиерот Заев и делегацијата на Владата на РСМ ќе ствари и повеќе средби со претставници на поголем број германски компании.

Календар Влада: 
E mërkurë, Qershor 12, 2019 - 00:00 to E enjte, Qershor 13, 2019 - 23:45