Јапонска бизнис делегација предводена од државниот министер за економија, трговија, индустрија Јошихиро Секи во посета на Република Северна Македонија

Јапонска бизнис делегација предводена од државниот министер за економија, трговија и индустрија во Владата на Јапонија, Јошихиро Секи на 10.6.2019 и 12.6.2019 ќе биде во тридневна посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на оваа посета Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе организира прием и вечера за министерот Секи и бизнис делегацијата од Јапонија, а ќе се реализира и билатерална средба со министрите од економскиот тим во состав на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерка без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

Во вториот ден од посетата на јапонската бизнис делагција на нашата земја, предвидена е посета на Дирекцијата на Технолошко индустриските развојни зони и обиколка на Бунарџик 1 и 2, а потоа и работна средба со заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска на којашто ќе се презентираат инвестициските можности во нашата земја и политиките за привлекување на странски директни инвестиции. Пред почетокот на состанокот предвидени се кратки изјави за медиумите на вицепремиерот Анѓушев, министерката Апостолска и министерот Секи.

Календар Влада: 
E hënë, Qershor 10, 2019 - 00:00 to E mërkurë, Qershor 12, 2019 - 23:45