Официјална посета на делегација од Чешката Република предводена од премиерот Бабиш на Република Северна Македонија

Во вторник (11.06.2019) делегација на Чешката Република предводена од премиерот Андреј Бабиш ќе биде во официјална посета на Република Северна Македонија. 

Во склоп на посетата ќе биде организиран свечен пречек со високи државни почести за делегацијата на Чешката Република и премиерот Андреј Бабиш пред платото на Владата на Република Северна Македонија, а од 11:00 ќе следува заедничка прес-конференција на двајцата премиери во холот пред Свечена сала во Владата на РСМ.

Предвидено е премиерот Бабиш да оствари средби со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши. 

Во попладневните часови премиерот на Чешката Република, Андреј Бабиш заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе го посетат граничниот премин Богородица. 

Календар Влада: 
E martë, Qershor 11, 2019 (All day)