Седма јавна дискусија за Нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ во Струга

Во вторник (11.06.2019), со почеток во 11:00 часот, во салата на Советот на Општина Струга ќе се одржи седмата јавна дискусија за Нацрт-текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“.

На јавната дискусија и претставувањето на нацрт-текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ ќе учествуваат заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов, заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, директорот на регионалната канцеларија за млади „РИКО“, Алберт Хани и претставничката на граѓанскиот сектор, Уранија Пировска.

Претставување на Нацрт-текстот на стратегијата ќе одржи Петрит Сарачини, заменик-координатор на кластер медиуми во координативното тело за подготовка на Националната стратегија.

Календар Влада: 
Вторник, Јуни 11, 2019 - 11:00 to Среда, Јуни 12, 2019 - 12:45