Јавна дискусија за Нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ во Гостивар

На 17.6.2019 година, со почеток во 11:00 часот, во салата на Советот на Општина Гостивар ќе се одржи јавна дискусија за Нацрт-текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“.

На јавната дискусија и претставувањето на нацрт-текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ ќе учествуваат заменик министерката за финансии Ширет Елези, пратеничката во Собрание на РСМ Ирена Стефоска, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Илхан Рахман и директорката на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) Билјана Петковска.

Претставување на Нацрт-текстот на стратегијата ќе одржи Маја Петковска Лесес, координатор на кластер медиуми во координативното тело за изготвување на стратегијата и специјален советник во Канцеларијата на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

Календар Влада: 
Понеделник, Јуни 17, 2019 - 11:00 to Вторник, Јуни 18, 2019 - 12:45