Учество на премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев на Форум во организација на Фајненшал Тајмс за земјите од Западен Балкан „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“ во рамки на работната посета на премиерот Заев на Обединетото кралство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев во вторник (18.06.2019) се во еднодневна работна посета на Обединетото Кралство на покана на Фајненшал Тајмс за учество на Форум за земјите од Западен Балкан во организација на Фајненшал Тајмс „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“.

Премиерот Заев ќе се сретне со заменик премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Лидингтон на работен појадок организиран за тројцата премиери од Западен Балкан.

Предвидено е премиерот Заев да се обрати на премиерскиот панел заедно со премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ на тема „Инвестициски можности и како домашната политика влијае на нив", а вицепремиерот Анѓушев да зборува на сесија заедно со министрите за економија на Косово и Црна Гора, Валдрин Лука и Драгица Секулиќ.

По завршување на сесиите премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев ќе дадат кратки изјави. 

Календар Влада: 
Вторник, Јуни 18, 2019 - 00:00 to 23:45