Обраќање на премиерот Заев на донаторската конференција на 50-те најголеми компании за храна

Утре, на 19.6.2019 (среда) со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе учествува и ќе се обрати на „Донаторската конференција на 50-те најголеми компании за храна“, којашто ќе се одржи во хотел „Мериот“ - Скопје, во сала Ballroom II.

На настанот свои обраќања ќе имаат и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски и Искра Ветаџоска-Муцунска, директорка на „Виталиа“.

Календар Влада: 
E mërkurë, Qershor 19, 2019 - 11:00 to 12:00