Премиерот Заев ќе се обрати на одбележувањето на 60 годишнината на техничките факултети при Универзитетот Свети „Кирил и Методиј“, Скопје

Утре, 19.6.2019 (среда) со почеток во 20:15 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе се обрати на одбележувањето на 60 годишнината на техничките факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, којшто ќе се одржи во Националната Филхармонија.

На овој настан ќе се обратат и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, деканот на Машинскиот факултет, Дарко Донев, деканот на Факултетот за електротехника и информациони технологии, Димитар Ташковски и деканот на Технолошко-металуршки факултет, Јон Магдески.

Календар Влада: 
Среда, Јуни 19, 2019 - 20:15 to 21:15