На денеска одржаната 12. седница на Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) беше презентиран Законот за управување со движење на предметите во судовите.
Претставник на Министерството за правда, ги запозна членовите на Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството со одредбите во законот, кој има за цел да го спречи застојот и натамошното трупање на судски предмети.
На оваа седница на Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството членовите го разгледаа и Законот за академија за судии и јавни обвинители. Министерката за правда, Рената Десковска им се заблагодари на членовите на Советот за констатираните забелешки и за понудените предлози за измени и дополнувања во насока на финализација на текстот на законот.