Премиерот Заев ќе даде изјава на промоцијата на мобилната лабораторија за испитување на хемиски вредности и физички константи на јаглеводороди и 13 возила за борба против сивата економија

Утре со почеток во 14:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе даде изјава за медиумите за време на промоцијата на мобилната лабораторија за испитување на хемиски вредности и физички константи на јаглеводороди и 13-те возила за борба против сивата економија, којшто ќе се одржи на паркингот на Бирото за метеорологоја.

На овој настан изјава за медиуми ќе дадат и министерот за економија, Крешник Бектеши, директорката на Бирото за метеорологија, Мерита Мустафаи и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски. 

По изјавите предвидена е кратка презентација на мобилната лабораторија за испитување на хемиски вредности и физички константи на јаглеводороди, кратка презентација на 13те возила за борба против сивата економија како и на лабораторијата за метеорологија.

Календар Влада: 
Friday, June 21, 2019 - 14:00 to Saturday, June 22, 2019 - 14:45