Обраќање на премиерот Заев на настан посветен на отпочнување на градежните работи за изградба на систем за наводнување на јужната долина од реката Вардар, втора фаза

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во недела (23.06.2019) со почеток во 11:00 часот на влезот на с. Јосифово кај бензинската пумпа Виена Петрол, валандовско, ќе се обрати на настан посветен на отпочнување на градежните работи за изградба на Систем за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза.

На настанот свои обраќања ќе имаат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и претставникот на компанијата изведувач, Штрабаг, Горан Ракиќ.

Календар Влада: 
E diel, Qershor 23, 2019 - 11:00 to E hënë, Qershor 24, 2019 - 11:45