НВО Отворен ден за иницијативи на граѓански органзации на тема „Младински политики“

На 27 јуни 2019 (четврток) ќе се одржи „НВО Отворен ден“ за иницијативи на граѓански организации на тема Младински политики. Настанот ќе се одржи во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија и ќе има две сесии на кои свои обраќања ќе имаат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каески, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и посебниот советник за млади и спорт Ѓорѓи Тасев.

Календар Влада: 
E enjte, Qershor 27, 2019 - 11:00 to 13:00