Царовска: Веруваме во општество кое е еднакво и дава шанси за сите

На првата парада на гордоста во Северна Македонија „Skopje Pride“ денеска присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерката за одбрана и потрпретседателка на Владата, Радмила Шекеринска, министерката без ресор, Зорица Апостолска, пратенички од неколку политички партии, преставници од државни институции и невладините организации, како и преставници од амбасадите на повеќе држави во земјава. Овој настан е голем чекор напред во борбата за еднаквост и повеќе права на ЛГБТИ заедницата во државата.

„Сите ние денеска покажавме дека сме видливи и дека во нашата држава можеме сите оние коишто со години беа невидливи, сите оние кои со години беа дискриминирани, сите оние коишто со години беа малтретирани, да денеска заеднички ги поддржиме и да си ветиме пред себе и пред сите наши сограѓани дека никогаш нема да се повтори насилство во нашата држава. Ние како Влада навистина покажавме и декларативно, а и во пракса дека ги сменивме законите, дека направивме ратификација на Истанбулската конвенција, дека поддржавме услуги за заштита и сето тоа за само две години. Знаете зошто? Затоа што веруваме во општество коешто е еднакво, општетво кое дава шанса за секој еден“, истакна Царовска во своето обраќање пред учесниците на парадата.

Оваа година МТСП изготви нов Закон за заштита и превенција од дискриминација, кој неодамна стапи на сила. Со вклучувањето на основите на сексуална ориентација и родов идентитет, се прошири заштитата од дискриминација кон оваа група на граѓани. Ова законско решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани.

Владата ја ратификуваше Истанбулската конвенција и поставува конкретни структури на заштита од дискриминација, влучително и за ЛГБТИ лицата.

ЛГБТИ популацијата за првпат стои во визијата и мисијата на новата Стратегија за еднкавост и недскриминација 2016-2020. Исто така, законите кои се дел од новата социјална реформа за првпат ги вклучуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет и нудат механизми за заштита од дискриминација.