Работна посета на премиерот Зоран Заев во Штип

Ве известуваме дека денеска (6.7.2019) со почеток во 12:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе одржи работна средба во Општина Штип со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. По средбата, предвидени се и изјави за медиумите коишто ќе се одржат во салата за седници во Општина Штип со почеток во 13:15 часот.

Премиерот Заев, во склоп на оваа работна посета придружуван од министерот Димковски, од градоначалникот Бочварски и од директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ќе оствари средба и со граѓаните на Штип и ќе ги посети локалните дуќани во централното градско подрачје.

Календар Влада: 
Сабота, Јули 6, 2019 - 12:30 to 13:30