Вицепремиерката Радмила Шекеринска и министерот Трајан Димковски во работна посета на Битола

Во сабота (13.07.2019), во 12:00 часот, заменичката на Претседателот на Владата на РСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ќе го посетат рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) Битола и ќе имаат средба со директорот на РЕК Битола. По завршување на средбата, во 12:30 часот изјави за медиуми ќе дадат вицепремиерката Шекеринска и директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски.

Во 13:15 часот, заменичката на Претседателот на Владата на РСМ  и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во село Грешница, битолско, ќе имаат средба со земјоделец корисник на ИПАРД програмата, по што во 13:30 часот изјава за медиуми ќе даде министерот Димковски.

Во 14:15 часот, вицепремиерката Шекеринска и министерот Димковски во Битола (центар на градот) ќе имаат средби со граѓани.

Календар Влада: 
Сабота, Јули 13, 2019 - 12:00 to 15:00