144-та седница на Владата на Република Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 144-та седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница ќе биде разгледан Извештајот за извршените преговори со усогласен текст на Меморандумот за разбирање помеѓу Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија и Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија при Министерство за економија на Република Бугарија.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на оваа седница ќе биде разгледана Предлог - програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, како и Информацијата за проширување на Програмата за наводнување на Република Северна Македонија преку обезбедување на дополнителни средства од развојниот заем на Владата на СР Германија и КФВ банката.

Секретаријатот за европски прашања за оваа седница на Владата на РСМ ја предлага точката Информација за потпишување на Спогодба за финансирање помеѓу Европската комисија и Владите на Република Северна Македонија и Република Косово за Акциската програма за преку–гранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово за 2018-2020 година.

На денешната седница, министрите во Владата ќе се запознаат со Информацијата за реализација на вон-наставните активности во училиштата поврзани со антикорупциска едукација на учениците.

Редовната 144-та седница на Владата на РСМ е предвидено да започне во 12:00 часот.

Календар Влада: 
Вторник, Јули 16, 2019 - 12:00 to 15:00