Интерен оглас број 2/2019

Дали е огласот завршен: 
Огласот е завршен
Рок на пријавување: 
Вторник, Јули 23, 2019

Врз основа на член 11,  член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018) Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС  БРОЈ  2/2019
ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВEН СЛУЖБЕНИК

Се распишува интерен оглас за унапредување на административен службеник за следното работно место:

1. Шифра: УПР 01 01 В01 000 
Звање и назив на работното место – Советник за следење и анализа на државни стратегии, кокурентност, деловна клима и проекти помогнати од меѓународната заедница, во Одделението за следење и анализа на државни стратегии, конкурентност, деловна клима и координација на проекти помогнати од меѓународна заедница. 
Назив на сектор: Секторот за економски политики, структурни реформи и инвестиции

Број на извршители: 1

Посебни услови за работното место:

  • степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Економски науки, Правни науки или Организациони науки и управување (менаџмент);
  • работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката 

Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење 

Општи услови за работното место:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место 
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работно време:

  • неделно работно време: од понеделник до петок; 
  • работни часови неделно: 40
  • работно време со почеток на работно време 8:00 часот и завршеток на истото во 16:00 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 25.041,00 денари.

Потребно е кандидатите да поднесат пријава на службената електронска адреса на Секторот за човечки ресурси SCR@gs.gov.mk.

Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, да ги достават до Секторот за човечки ресурси.

Кон пријавата кандидатите можат да приложат и:

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

 Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
 Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.

Поднеси пријава