Премиерот Заев се сретна со претставници на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС):Сериозно пристапуваме кон изнаоѓање системско решение за подигнување на стандардите на сметководствената професија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-министерката за финансии Ширет Елези, денеска, се сретнаа со претставници на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС), предводени од претседателката Ленче Папазовска.

На средбата, соговорниците се согласија дека сметководствената дејност е многу важна и беше нагласено дека Владата со сериозност пристапува кон изнаоѓање системско решение за унапредување и регулирање на оваа професија.

Присутните го поздравија изготвувањето на новиот Предлог-закон за вршење на сметководствени работи, кој е во собраниска процедура и оценија дека неговото поскоро донесување е неопходно и ќе придонесе за подигнување на стандардите за работа и ќе обезбеди транспарентно и одговорно работење со цел унапредување на сметководствената професија.