Владата на РСМ денеска ќе ја одржи својата редовна 146-та седница

На редовната 146-та седница на Владата на Република Северна Македонија ќе биде разгледана Информација за започнување постапка за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција на МХЕЦ „Глажња” и МХЕЦ „Липково”.
 
На денешната седница, на предлог на Министерството за правда ќе биде разгледан Предлог - законот за јавното обвинителство, како и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија.
 
Министрите во Владата на РСМ денеска ќе донесат одлука и за Предлог - законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија за учество на Република Северна Македонија во “Европскиот корпус на солидарност”.
 
Министерството за надворешни работи како точка на дневниот ред на денешната седница го предлага Предлог - законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Северна Македонија) – Прешево (Република Србија).
 
На предлог на Министерството за внатрешни работи за оваа седница доаѓа Информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи во Република Северна Македонија.
 
Министерството за информатичко општество и администрација за оваа седница ќе ја презентира информацијата за модернизација на единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР и воведување на нови форми за вклучување во процесот на креирање на политики.

Календар Влада: 
E martë, Korrik 23, 2019 - 12:00 to E mërkurë, Korrik 24, 2019 - 12:45