Свечено пуштање во употреба на надградениот систем на пречистителната станица за вода за пиење во општина Пробиштип

Ве информираме дека во петок (26.07.2019) со почеток во 13:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев, ќе присуствуваат на настан „Свечено пуштање во употреба на надградениот систем на пречистителната станица за вода за пиење во општина Пробиштип“ и посета на словенечката фабрика „Таб Мак“.

Во склоп на посетата, предвидени се и изјави за медиумите од страна на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Заев и заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, Анѓушев.

Со цел да се пристигне на време на локацијата, за сите заинтересирани претставници на медиумите е организиран превоз за максимум 24 претставници на медиумите. Времето на поаѓање е 11:30 часот во петок (26.07.2019). Ги замолуваме сите заинтересирани претставници на медиумите да пристигнат на споредната улица пред Владата на Република Северна Македонија, најдоцна до 11:15 часот. 

Линк за пријавување за организиран превоз: https://forms.gle/DLJQRoLzLNmnbbCD6  

Пријавувањето е отворено до 25.07.2019 до 15:00 часот.

Календар Влада: 
Среда, Јули 24, 2019 - 13:30 to 15:00