Трибина на тема „Национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија“

Во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, ќе се одржи трибина на тема „Национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија“. 

На трибината свое обраќање ќе имаат националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија, Павле Трајанов, заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Влатко Шешов, професор д-р Марјан Ѓуровски од Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола - Факултет за безбедност, раководителот на Секторот за цивилно - воена соработка во Министерството за одбрана, Тони Петревски и Влатко Јовановски, шеф на Секретаријатот на DPPI SEE.

Календар Влада: 
Понеделник, Јули 29, 2019 - 10:00 to 12:00