Активности на премиерот Заев во битолскиот регион

Во среда (31.07.2019) претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе присуствува на три настани во битолскиот регион.

Во 11 часот во село Кравари, битолско, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе присуствува и ќе има обраќање на настан за доделување на првите персонализирани картички за покривање на 30 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. На настанот ќе присуствуваат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Потоа, во 11:45 часот, во просториите на Општина Битола, премиерот Заев ќе додели решенија за капитални проекти, на општините од пелагонискиот регион кои аплицирале во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

На крајот од настанот, ќе има изјави за медиумите.

Подоцна, во 12:50 часот помеѓу селата Драгожани и Лисолај, битолско, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, ќе извршат теренски увид на градежните активности од рехабилитацијата на регионалниот пат Битола-Демир Хисар и ќе имаат изјави за медиумите.

Календар Влада: 
Среда, Јули 31, 2019 (Цел ден)