Чествување на 2 Август, Илинден на Мечкин Камен, Крушево

Ве известуваме дека Владата на Република Северна Македонија, националниот празник 2 Август, Илинден ќе го чествува на Мечкин Камен, Крушево.

Програмата за чествување на Илинден ќе започне во 10:30 часот со пристигнување на официјалната делегација на Мечкин Камен, по што ќе следува свечено положување на свежо цвеќе пред споменикот на Мечкин Камен.

Во 12:00 часот ќе се интонира химната на Република Северна Македонија по што ќе следи обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

За свечената прослава за националниот празник – Илинден, планирана е и културно уметничка програма која ќе ја отвори ансамблот „Танец“, по кој ќе настапи КУД „Емин Дураку“, а програмата ќе ја затвори мешаниот хор „Крушево“.

Нека ни е честит Илинден!

Календар Влада: 
Петок, Август 2, 2019 - 00:00 to 23:45