Премиерот Заев и премиерот Борисов положија венци на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов, по заедничката прес-конференција, придружени од страна на министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева, оддадоа почит и положија венци на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Во склоп на оваа посета, премиерите на двете држави, е предвидено да положат цвеќе на споменикот на полковникот Константин Каварналиев во Дојран.