149-та седница на Владата на Република Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија денеска во 12:00 часот ќе ја одржи редовната 149-та седница со неколку точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.

На денешната седница на предлог на Министерството за одбрана ќе се разгледаат информации за плановите за учество на Република Северна Македонија во силите на НАТО за обезбедување на југоисточните и источните граници на Алијансата и за плановите за заедничко учество на Република Северна Македонија и Република Франција во операцијата на Европската Унија во Централноафриканската Република.

На предлог на Секретаријатот за европски прашања ќе се разгледаат информации за подготовка на Деветтиот состанок на специјалната група за реформа во јавната администрација во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација што ќе се одржува во Скопје на 17 септември 2019 година и информација за одржување на петнаесеттиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија којшто се одржа на 13 ноември 2018 во Скопје. 

Министерството за здравство предложи точка на дневен ред со информација со Акциски план за проектот „Бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи без ограничување во однос на примањата“. 

 

Календар Влада: 
Tuesday, August 13, 2019 - 00:00 to 23:45