Работна посета на ЗПВРСМ задолжен за европски прашања, Бујар Османи и МНР Никола Димитров на Копенхаген

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре (вторник, 20 август 2019 година) ќе реализираат работна посета на Копенхаген, Кралството Данска.

За време на посетата предвидени се одделни средби со министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Јепе Кофод, со главниот советник за европски прашања во Канцеларијата на Премиерот, Вибеке Пастернак Јоргенсен, како и со други релевантни соговорници.

На средбите, заменик претседателот на Владата, Османи и министерот Димитров ќе го истакнат значењето од донесувањето на одлуката за датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија во октомври оваа година. Детално ќе брифираат за постигнатото во реформските активности од европската агенда, за внатрешно политичките случувања, добрососедските односи, како и за состојбите во Регионот, а воедно ќе бидат разменети мислења и за билатералните односи меѓу двете земји.

Календар Влада: 
Tuesday, August 20, 2019 (All day)