Редовна прес-конференција на портпаролот на Владата, Хоџа придружуван од министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Поповски

Во среда (21 август 2019 година), со почеток во 13:00 часот во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија, портпаролот Муамет Хоџа ќе ја одржи редовната прес-конференција на која ќе информира за одлуките од 150-тата седница.

На оваа прес-конференција ќе се обрати и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на која ќе го промовира кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавните функции именувани од страна на Владата.

Календар Влада: 
Среда, Август 21, 2019 - 13:00 to Четврток, Август 22, 2019 - 13:45