Официјална посета на делегацијата на Република Србија предводена од страна на премиерката Ана Брнабиќ во Република Северна Македонија

Настан: 
https://vlada.mk/node/18795
Завршува на: 
Петок, Август 23, 2019 - 14:00
Опис на настан за акредитација: 

Ве информираме дека на 26 август 2019 година (понеделник), претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, ќе биде домаќин на официјалната посета на делегацијата Република Србија предводена од страна на премиерката Ана Брнабиќ. Посетата ќе започне со отворањето на One Stop Shop на граничниот премин Табановце-Прешево.

Сите заинтересирани претставници на медиумите треба да се акредитираат на следниот линк: https://forms.gle/myA5RdXpqv4a9HQG8 најдоцна до 23.08.2019 година (петок) до 14:00 часот.

За акредитираните медиумите предвиден е организиран превоз. Акредитираните претставници на медиумите ќе добијат детални информации за распоредот, саатниците и локациите на активностите, како и за организираниот превоз најдоцна до 23.8.2019 година (петок) до 19:00 часот.