Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ќе се обрати на два настани, пуштање во употреба на еко автобуси во Прилеп и увид во напредокот на работите на магистралниот гасовод

Во центарот на Прилеп на бул. Гоце Делчев (местото познато како „кај рекламите“) со почеток во 11:00 часот,  претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе присуствува и ќе се обрати на настанот по повод пуштањето во употреба на еко автобуси во јавниот патнички транспорт во О. Прилеп. 

Истиот ден, Премиерот Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, ќе направат увид во напредокот на работите на магистралниот гасовод, секција Неготино - Кавадарци - Прилеп - Битола. Планирани се и обраќања на Премиерот Заев и министерот Сугарески.

Увидот на терен ќе започне во 12.30 часот, локацијата која ќе се посети се наоѓа во О. Новаци, на излез од с. Новаци на патот кон с. Маково.

Календар Влада: 
E shtunë, Gusht 24, 2019 - 00:00 to 23:45