Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе се обратат на свечена промоција на нови полициски службеници

Ве известуваме дека во сабота (31 август 2019 година) со почеток во 11:00 часот на спортското игралиште во Центарот за обука во Идризово, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски ќе се обратат на свечената промоција на нови полициски службеници.  
 

Календар Влада: 
Saturday, August 31, 2019 - 11:00 to 12:15