Обраќање на премиерот Заев на завршниот настан за реализација на проектот на ЕУ и Светска Банка за развој на регионалната инфраструктура

Во вторник (10.09.2019), во 12:00 часот во Клуб на пратеници Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе има свое обраќање на завршниот настан за реализација на проектот на ЕУ и Светска банка за развој на регионалната инфраструктура.

На настанот ќе се обратат и министерката за финансии, Нина Ангеловска, Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Семуел Жбогар и директорот на Канцеларијата на Светска банка во Република Северна Македонија, Марко Мантованели.

Календар Влада: 
Вторник, Септември 10, 2019 - 12:00 to 13:00