Учество на премиерот Заев на Самит на премиерите на државите од Вишеградската Група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан

Во четврток (12.09.2019), претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе учествува на еднодневна работна посета во Прага, Република Чешка во рамки на „Самитот на премиерите на државите од Вишеградската Група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан“.

Премиерот Заев ќе се сретне со премиерот на Република Чешка, Андреј Бабиш на работен ручек организиран заедно со премиерите на државите од Вишеградската Група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан.

Календар Влада: 
Четврток, Септември 12, 2019 - 00:00 to 23:45