Оглас за именување државни правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Скопје, Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Велес, Штип, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Тетово, Гостивар, Струга и Кичево

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
26.09.2019

Врз основа на член 19 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007 и 104/2015), а во врска со Одлуката за определување на бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.3/2008 и 215/2018 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ 178/2019), Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 3 септември 2019 година, донесе

О Д Л У К А
за распишување Оглас за именување државни правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Скопје,  Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Велес, Штип, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Тетово, Гостивар, Струга и Кичево 

1. Се огласува именување на државни правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија и тоа: (6) шест државни правобранители за подрачјето на Скопје, (2) два државни правобранители за подрачјето на Куманово и по (1) еден државен правобранител за подрачјето на Охрид, Струмица, Гевгелија, Велес, Штип, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Тетово, Гостивар, Струга и Кичево.

2. За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Скопје, Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Велес, Штип, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Тетово, Гостивар, Струга и Кичево може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку пет години по положен правосуден испит и да ужива углед за вршење на функцијата.

3. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во член 20 од Законот за државното правобранителство пријавата со потребните документи во оригинал или копија заверена на нотар, да ги поднесат до архивата на Владата на Република Северна Македонија, или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија со назнака за подрачјето за кое што аплицира“, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во дневните весници „Слободен печат“, „Нова Македонија“ и „Коха “.

4. Оваа одлука ќе се објави во: „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во дневните весници „Слободен печат“, „Нова Македонија“ и „Коха “.

24 – 6848/1
3 септември 2019 година
Скопје    

ЗАМЕНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Оливер Спасовски