154-та седница на Владата на Република Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 154-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На предлог на Национален совет за информациски и комуникациски технологии и сајбер безбедност, на оваа седница ќе се најде информацијата во врска со одржаната 15-та редовна седница на Националниот совет за ИКТ и сајбер безбедност.

Министерството за одбрана за оваа седница ја предложи за разгледување Информација со Нацрт Стратегијата за одбрана на Република Северна Македонија.

На денешната седница министрите во Владата на РСМ ќе расправаат за Предлог-одлукaта за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан, како и за Предлог-одлукaта за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

На предлог на Министерството за образование и наука на ова седница Владата ќе биде информирана за активностите за имплементација на клучните мерки под димензијата Антикорупција од „Стратегијата за Југоисточна Европа 2020“, за најсоодветен начин за воведување на антикорупциските теми во рамките на годишната програма на училиштата.

Календар Влада: 
Tuesday, September 17, 2019 - 00:00 to 23:45