Конститутивен состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата

Утре, (четврток) 19 септември 2019 година, со почеток во 12:00 часот во Владата на Република Северна Македонија во Свечена сала, ќе се одржи првиот конститутивен состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата.

Состанокот ќе го отвори и модерира министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, после што ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Календар Влада: 
Thursday, September 19, 2019 - 12:00 to Friday, September 20, 2019 - 13:45