Премиерот Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Димковски ќе го означат почетокот на рехабилитација на патот во с.Владимирово до регионалниот пат Р10304

Утре, 20.9.2019 (петок) со почеток во 15:30 претседателот на владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ќе го означат почетокот на еден од трите проекти за кои беа доделени капитални инвестиции за развој преку програмата за рурален развој во Берово и околината. Имено стратешки се поврзуваат селата со регионален пат или со населено место-град во должина до 7км.

Календар Влада: 
Friday, September 20, 2019 - 15:30 to 17:30