Прес-конференција за реформата за укинување на квотите за лекови на територија на целата држава

Утре, 30 септември, во 11:00 часот во медија центарот на Владата на Република Северна Македонија, заедничка прес-конференција ќе одржат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерот за здравство, Венко Филипче и директорите на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев и Орхан Рамадани.
Темата на прес-конференцијата е реформата за укинување на квотите за лекови на територија на целата држава. 

Календар Влада: 
E hënë, Shtator 30, 2019 - 11:00 to 12:00