Брифинг за медиуми на министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми на тема „Напредок во спроведувањето на препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион“

Утре (среда), 02.10.2019, со почеток во 11:00 часот во медија центарот во Владата на Република Северна Македонија, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска и претставниците на ГИМ - Градежен институт на Македонија, ќе одржат брифинг за медиумите во врска со напредокот во спроведувањето на препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион.

Календар Влада: 
Среда, Октомври 2, 2019 - 11:00 to Четврток, Октомври 3, 2019 - 11:45