Меѓународна конференција на тема: Кон концептот за едно општество и интеркултурализам

Во четврток (03.10.2019), со почеток во 10:00 часот во просториите на Министерството за надворешни работи ќе со одржи меѓународната конференција на тема: „Кон концептот за едно општество и интеркултурализам”.

На конференцијата ќе се обратат: претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, амбасадорот Ламберто Заниер и шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар.

По завршување на воведниот дел од конференцијата предвидени се изјави за медиумите на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и високот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, амбасадорот Ламберто Заниер.

Календар Влада: 
E enjte, Tetor 3, 2019 - 10:00 to E premte, Tetor 4, 2019 - 10:45