Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата 157 редовна седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 157 седница на која ќе биде разгледан и усвоен дополнетиот Предлог за ребаланс на Буџетот, со измените усвоени во расправата во Собранието на Република Северна Македонија.

На оваа седница министрите во Владата ќе се изјаснат и за Предлог - закон за енергетска ефикасност, кој на дневниот ред доаѓа како предлог на Министерството за економија.

Редовната 157 седница на Владата на Република Северна Македонија е предвидено да се одржи денеска во 18:00 часот.
 

Календар Влада: 
Четврток, Октомври 3, 2019 - 18:00 to 19:00