Премиерот Заев во посета на Општина Лозово и Кочани

Утре (сабота), 05.10.2019, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе присуствува на два настани.

Во 09:30 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски ќе ја пушти во употреба новата зграда на Општина Лозово.

Во 10:40 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев ќе ја проследат традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“. Потоа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе има обраќање пред Домот на културата во Кочани.

Календар Влада: 
Сабота, Октомври 5, 2019 - 09:30 to 11:30