Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во посета на фабриката „Маркарт“ во с. Каласлари, во близина на Велес

Ве информираме дека утре (вторник), 8.10.2019 со почеток во 9:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, ќе ја посети фабриката за производство на електрични свичови за автомобили, „Маркарт“ во с.Каласлари, во близина на Велес.

Ве покануваме да го проследите настанот според следнава агенда:

9:30 Пристигнување на медиумите

9:50 Тура низ фабриката

10:15 Изјава за медиумите на ПВРСМ Зоран Заев и на сопственикот на компанијата Харалд Маркарт.

Календар Влада: 
Вторник, Октомври 8, 2019 - 09:30 to 10:30