Трилатерален состанок меѓу претседателот на Владата на Северна Македонија, Заев, Претседателот на Србија, Вучиќ и премиерот на Албанија, Рама

На 09.10.2019 и 10.10.2019 година, (среда и четврток), претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе учествува на трилатералниот состанок со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, кој ќе се одржи во Нови Сад, Република Србија.

Состанокот ќе се одржи во Нови Сад, во хотелот „Леополд Први“, на Петроварадинската тврдина.

Од содржината на овој состанок, отворена за медиумите е заедничката изјава за медиумите на тројцата лидери на 10 октомври, во четврток, во 11:00 часот, во Х. „Леополд Први“.
 

Календар Влада: 
Wednesday, October 9, 2019 - 10:00 to Thursday, October 10, 2019 - 13:00