Јавен повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
17.10.2019

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за Влада (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/2000, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/2010, 51/2011, 15/2013, 139/2014, 196/2015 и 142/2016) и  дел VII став 1 од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година („Службен весник на Република Македонија" бр.  18/2019), Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година

ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени со Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година („Службен весник на Република Македонија" бр.18/2019) (во понатамошниот текст: Програмата), дел II став 1, преку утврдување на потребата за спроведување на мерки за намалување на аерозагадувањето и намалување на високите концентрации на PM10 и PM2.5 со набавка/поставување/инсталирање на филтри во малите и средните претпријатија чие деловно седиште е на територијата на општините кои припаѓаат на Полошкиот плански Регион во Република Северна Македонија.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавниот повик имаат претпријатија регистрирани како ТП, ДООЕЛ, ДОО од лица државјани на Република Северна Македонија, a кои ги исполнуваат следниве услови:

  1. Работење во траење од најмалку 3 месеци пред објавувањето на јавниот повик (упис во трговски регистар)
  2. Имаат деловно седиште на територијата на општините кои припаѓаат на Полошкиот плански Регион во Република Северна Македонија
  3. Имаат минимум 10, а максимум 249 вработени на неопределено полно работно време
  4. Намирени обврски кон државата и вработените

ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА УЧЕСНИКОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК Е ДОЛЖЕН ДА ЈА ДОСТАВИ

Учесниците на јавниот повик за реализација на Програмата се должни да достават:

  • Пополнето барање за јавен повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година
  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 2 месеци
  • Уверение за платени даноци и придонеси од Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија, не постаро од 2 месеци
  • Листа на вработени лица во претпријатието издадена од Агенцијата за вработување, не постара од 2 месеци.
  • Годишен извештај за работата на инсталацијата за 2018 година согласно условите препишани во Б-ИСКЗ дозволата ( којшто операторот на инсталацијата треба да го  достави до соодветната општина) или Елаборатот за заштита на животната средина за работата на инсталацијата за 2018 година ( којшто операторот на инсталацијата треба да ја достави до соодветната општина).

НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Пополнетото барање се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на овластено лице на малото/средното претпријатие заедно со потребната документација согласно дел III од овој јавен повик.

Барањето со комплетираната документација се доставува во затворен плик, преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата на Република Северна Македонија, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ“, а под тоа „За реализација на програма за намалување на аерозагадувањето за 2019 година“.

Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Јавниот повик ќе трае 5 (пет) работни денови од денот на неговото објавување во дневните весници, односно барањата треба да се достават најдоцна до 17.10.2019 година до 16:00 часот. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

ПОСТАПКА И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ И ОДОБРУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Постапката за избор на корисниците – малите и средните претпријатија за реализација на Програмата за 2019 година, ја спроведува Комисија формирана од страна на Генералниот секретаријат, составена од 5 членови и 5 заменици - членови, и тоа: еден член и еден заменик- член од редот на вработените во Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, еден член и еден заменик - член од редот на вработените во Министерството за животна средина и просторно планирање, еден член и еден заменик - член од редот на вработените во Министерството за финансии, еден член и еден заменик - член од редот на вработените во Министерството за економија,  еден член и еден заменик - член од редот на вработените во Министерството за локална самоуправа.

Комисијата одлучува врз основа на доставените барање и комплетната документација, а согласно следните критериуми:

 

Критериуми

Бодови

1

Граничните вредности на емисиите во воздухот содржани во годишниот извештај за 2018 год за работата на инсталацијата согласно условите препишани во Б-ИСКЗ дозволата (којшто операторот на инсталацијата треба да го достави до соодветната општина) или во елаборатите за заштита на животната средина за 2018 година (којшто операторот на инсталацијата треба да го достави до соодветната општина).

50

2

Број на вработени на неопределено полно работно време

50

 

Вкупно бодови

100

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПРЕМА

Поддршката за намалување на аерозагадувањето ќе се врши од предвидените средства во дел I од Програмата за изменување на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, преку доделување опрема во согласност со дел I, точка 2. Доделувањето на опремата ќе биде за малите и средните претпријатија регистрирани како ТП, ДООЕЛ, ДОО од лица државјани на Република Северна Македонија.

ПРИЛОЗИ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Барањето е составен дел на Јавниот повик и може да се обезбеди во електронска верзија преку интернет-страницата на Владата на Република Северна Македонија: https://vlada.mk

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИИ

За дополнителни информации барателите може да се обратат до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3118-022 и до Министерството за животна средина и просторно планирање на телефон 02/3251-449.

Пропратни документи: